
Полнење на батеријата
Предупредување:
Употребувајте само полначи одобрени од Nokia за користење со овој модел.
Употребата на било какви други видови може да го поништи одобрението или
гаранцијата, и може да резултира со опасност. Користењето на неодобрени
полначи може да претставува ризик од оган, експлозија или друга опасност.
1 Поврзете го полначот во ѕиден штекер.
2 Поставете ги слушалките во рамката за носење.
4

3 Поврзете го кабелот на полначот во конекторот за полначот на рамката.
Црвеното светло се менува во зелено кога батеријата е целосно наполнета.
4 Исклучете го полначот од рамката за носење, а потоа и од ѕидниот штекер.
Кога го отстранувате полначот, фатете и повлечете го приклучокот, а не кабелот.
Целосно наполнетата батерија трае до 5 часа на разговор и 100 часа во мирување.
Ако ги оставите слушалките во рамката за носење, времето на мирување е до 3
месеци.
Кога батеријата е речиси празна, црвениот индикатор свети и на секои 5 минути ќе
слушате гласовно потсетување. Ако ги исклучите гласовните потсетувања,
слушалките ќе даваат кратки звучни сигнали на секои 5 минути.
Проверка на полнењето на батеријата
Осигурете се дека слушалките се вклучени, а потоа допрете и задржете на во
текот на 2 секунди. Гласовно потсетување Ви го кажува нивото на полнење на
батеријата.